
Живот
Рецепти
Лебот е дел од основните состојки во исхраната. Тој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто кое претежно се состои од брашно и вода. Солта најчесто е потребна, а често се користи и квасец. Некои видови леб содржат и зачини и зрна како сусам и мак кои можат да се користат и за декорација.
Лебот може да се јаде сам, намачкан со путер, путер од кикиритки, маргарин, или сладок намаз како џем, желе, мармалад, мед, или пак се користи како дел од сендвичи.
Може да биде само печен или дополнително печен на тостер и може да се сервира на секаква температура и на секое место.

Состојки:
300 гр мазно брашно,
3 јајца,
6 лажици масло,
350 мл вода,
половина лажичка сол,
1 лажичка прашок за пециво.
Подготовка:
Подмачкајте ја тавата и вклучете ја рерната на 180 степени. Во брашното измешајте брашно, сол и прашок за пециво, а во друг сад измешајте јајца, вода и масло. Нежно истурете ја смесата од јајца во мешавината на брашното и убаво комбинирајте сè.
Не дозволувајте да отстои, но веднаш пренесете го тестото во тавата и печете го околу 45 минути.
По желба, можете да го премачкате лебот со жолчки од јајце и да го посипете со сусам или други семиња пред печење.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.