На Самитот одржан кон крајот на февруари, европските лидери се согласија да продолжат да работат на создавање пасоши за имунизација во наредните месеци.

Објавил: Перо Милчин | 9 март, 2021 6:34

Брисел ќе го претстави „Ковид пасошот“ на 17 март

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Европската комисија ќе го претстави својот прв проект за создавање пасоши за имунизација во ЕУ на 17 март, соопшти на брифинг во Брисел официјалниот портпарол на Комисијата Ерик Мамер, а пренесе А1 он!

Тој објасни дека одлуката за нивна практична примена, вклучително и на меѓународно ниво, земјите-членки на ЕУ ќе ја донесат подоцна.

Мамер исто така истакна дека документот нема да се нарекува пасош, туку „зелена електронска пропусница“.

Земјите-членки ќе разговараат за усвојување на документот предложен од Европската комисија, но нема да ги дискриминираат граѓаните на ЕУ кои не се вакцинирани против коронавирусот.

На Самитот одржан кон крајот на февруари, европските лидери се согласија да продолжат да работат на создавање пасоши за имунизација во наредните месеци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вакцинацијата против коронавирус во Албанија продолжува со несмалена динамика и до сега имунизирани се 250.676 лица, објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу преку видеозапис на Фејсбук.

Во Албанија вакцинирани над 250 илјади лица

Вакцинацијата против корона вирусот во Албанија продолжува со несмалена динамика...

Учеството е над 90 отсто, а во изминатите седум дена, во просек е 93 проценти и станува збор за 10 до 12 илјади вакцинации дневно!

Грчкиот министер за здравство: Во јули колективен имунитет во Грција

До крајот на јуни или средината на јули ќе биде вакциниран еден голем дел од грчкото...

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката партија на премиерот Бојко Борисов, но би можело да биде тешко да се најдат коалициски партнери заради слабиот одѕив среде стравувањата од пандемијата.

Бугарите денеска избираат нова Влада, се очекува победа на Бојко Борисов

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката...