Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест. Тестот е со позитивен резултат.

Објавил: Перо Милчин | 27 јануари, 2021 17:53

Британскиот сој на коронавирусот цел месец е во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватната лабораторија на клиниката Жан Митрев во Скопје, при анализа на примероци од јануари. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен, објави предмалку министерот за здравство, Венко Филипче!

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест. Тестот е со позитивен резултат.

По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.

Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот.

Според информацијата која ја проследија до МЗ, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Дел од лекарите, медицинскиот персонал и вработени во Кардиолошкиот завод, се позитивни на Ковид 19, што ја отежнува работата на установата.

Ковид 19 силно ја погоди и Специјализираната болница за кардиологија „Св. Стефан“ во Охрид

Ковид пандемија и натаму силно го притиска здравствениот систем во земјата. Лесно...