Повеќето експерти веруваат дека избувнувањето на вирусот СОВИD-19 кој започна да се шири на пазарите во кинескиот град Вухан кога животните ја пренеле болеста на луѓето.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2020 16:51

БРИТАНЦИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА КОРОНАВИРУСОТ Е ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР- Вирусот излегол од лабораториите во Кина!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на Велика Британија верува дека коронавирусот случајно излегол од лабораторија во Вухан, каде кинеските научници го истражувале вирусот, се вели во извештајот на „Мејл“ во неделата.

Повеќето експерти веруваат дека избувнувањето на вирусот СОВИD-19 кој започна да се шири на пазарите во кинескиот град Вухан кога животните ја пренеле болеста на луѓето.

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон вчера беше хоспитализиран од Коронавирус.Премиерот прима кислород.

Сепак, списанието „Мејл“ во неделата соопшти дека иако официјалните лица во владата на Борис Џонсон веруваат дека се уште е тоа најдоброто објаснување, „веќе не се негира“ дека бегството на вирусот од лабораторија во близина ан Вухан, всушност го предизвикало избувнувањето.

Еден член на високиот владин комитет на Владата на Велика Британија, КОБРА, за весникот изјави: „Постои веродостојно алтернативно гледиште дека вирусот е зоостонски врз основа на природата на вирусот.

„Можеби не е случајно што оваа лабораторија е во Вухан. Не е случајно“.

Постојат две научни лаборатории во непосредна близина на Вухан, каде се верува дека научниците тестираат коронавирус: Институтот за вирологија и Центарот за контрола на болести Вухан.

И двете се наоѓаат на 16 километри од пазарот на животни од каде започна епидемијата.

Извештаите доаѓаат во време кога премиерот Џонсон е примен во болница за „постојани симптоми“ на коронавирус.

Џонсон беше примен во лондонската болница во неделата, каде што беше подложен на третман со кислород а денеска ќе се прават дополнителни испитувања.

Научниците не се согласуваат дека случајното излегување од лабораторијата е веродостојно објаснување.

Еден биолог кој верува дека не може да се земе предвид оваа теорија е професорот Ричард Ебрит од Институтот за микробиологија Ваксман на Универзитетот Рутгерс.

Тој беше цитиран во Билтенот за атомски научници дека многу научници од Вухан кои работат на коронавируси и рече дека имаат само „минимална заштита“ од инфекција.

„Собирањето на вируси, култури, изолација или инфекција на животни на BSL-2 [умерена биосигурност] со вирус кој има карактеристики на епидемиска трансмисија би претставувал значителен ризик од инфекција кај лабораторискиот работник, а подоцна и за останатите луѓе“, вели тој.

Тој додаде дека достапните докази оставаат „основа за исклучување на лабораториската структура, но нема основ да се исклучи лабораториската несреќа“.

Владата на Џонсон, наводно, започнала да се сомнева во вистинитоста на кинеските изјави за коронавирус.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.