„Борис Џонсон го откажа Божиќ за милиони луѓе затоа што Лондон воведува построги мерки против коронавирусот“, напиша таблоидот Сан, опишувајќи ја ситуацијата во Велика Британија среде пандемија!
Патувањето и посетите на семејствата ќе бидат забранети од вечерва на полноќ, па Божиќ ќе може да се слави само со членовите на домаќинството.
Покрај тоа, забрането е спиење надвор од куќата, можете да излезете само во случај на рекреација, училиште, работа или итни случаи, сите активности што не се потребни, како и фризерите се затворени, а на едно лице му е дозволено да се сретне со само едно друго лице отворен простор.
Забрането е меѓународно патување, освен за деловни причини. На овој начин, околу 20 милиони луѓе нема да можат да ги видат своите семејства дури и за Божиќ, ако веќе не живеат заедно.
Заминувањето од местото на живеење не се препорачува! Пред само пет дена, Џонсон рече дека Божиќ ќе се слави нормално и дека „ќе биде нехумано да се откаже“.
Сопствениците на многу локали се оправдано лути, па протестираа денеска поради новите мерки.
Уапсени се околу 155 лица.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.