Земјите од Квинте, заедно со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, бараат да се отстранат барикадите на север затоа што се нелегални, напиша Брнабиќ на Твитер и го критикуваше Брисел.

Објавил: Едмонд Бекири | 12 декември, 2022 5:45

Брнабиќ: Барикадите што ги подигнаа Србите се повик за мир

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека барикадите што ги поставија Србите на северот на Косово се повик за мир и повик до меѓународната заедница да почне да си ја врши работата.

Земјите од Квинте, заедно со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, бараат да се отстранат барикадите на север затоа што се нелегални, напиша Брнабиќ на Твитер и го критикуваше Брисел.

„Не беа толку гласни“ кога косовската полиција го прекрши Бриселскиот договор влегувајќи на север со долги цевки, во општините со српско мнозинство“, рече таа.

„Со барикадите јасно го изразуваат својот протест и тоа го прават мирно“, рече Брнабиќ.

Брнабиќ ги предупреди претставниците на меѓународната заедница дека не реагирале кога на Србите им било ускратено правото да гласаат на избори, ниту кога Приштина „го конфискувала нивниот имот за да создаде нелегални воени бази“, ниту (реагирала на) 136 инциденти кога биле нападнати српски семејства во Косово

Внимавате само кога се на барикадите – истакна таа.

Барикадите „не се само начин да се покаже незадоволство и очај“ или дека се загрозени нивните основни човекови права, туку и начин „да се заштити бриселскиот договор“, тврди Брнабиќ, која инсистира ЕУ да го гарантира тој договор од 2013 година.

Барикадите се повик за мир и повик за акција на меѓународната заедница… Србија ги почитува сите потпишани договори: Брисел, Вашингтон, како и резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и Повелбата на ОН. Тоа се нашите вредности“, напиша Брнабиќ на Твитер!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...

Според „Репортери“, од КФОР не одговориле дали ќе учествуваат во отстранувањето на барикадите на северот.

КФОР: Ги следиме настаните на Косово, во контакт сме со претставниците на Белград и Приштина

Мировната мисија на ОН предводена од НАТО на Косово (КФОР) соопшти дека внимателно...

Поради ситуацијата на Косово, војската на Србија е во состојба на готовност и подигнато е нивото на борбена готовност. Не можеме да бидеме опуштени, Србија е сериозна држава, преземна одговорност за сите можни проблеми истакна спрскиот

Во Косово стапи на сила одлуката за замена на српските со косовски регистарски таблички

Во Косово стапи на сила одлуката за замена на српските со косовски регистарски таблички...