Како што јави дописникот на МИА од Белград, таа повтори дека на 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини со четири држави во регионот (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија), без обврска на граѓаните на тие земји да имаат негативен тест за Ковид-19 при преминување на границата со Србија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 мај, 2020 9:17

Брнабиќ: Македонските граѓани од 1 јуни можат во Србија без обврска за негативен тест за Ковид-19!

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, таа повтори дека на 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини со четири држави во регионот (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија), без обврска на граѓаните на тие земји да имаат негативен тест за Ковид-19 при преминување на границата со Србија.

-За државјаните на овие земји нема потреба од овие тестови, тие ќе влегуваат во Србија како и пред појават на Ковид-19, изјави српската премиерка.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, таа повтори дека на 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини со четири држави во регионот (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија), без обврска на граѓаните на тие земји да имаат негативен тест за Ковид-19 при преминување на границата со Србија.

За странците од другите земји засега и понатаму останува во сила обврската да имаат валиден негативен ПЦР тест на коронавирус и одобрување на владина комисија при преминување на границата, изјави Брнаабиќ, додавајќи дека странските државјани, доколку се особено важни за српската економија, можат да влезат и без негативен ПЦР тест.

-Комуницираме со Стопанската комора на Србија и со сите странски амбасади и стопански комори. Во тој случај странските државјани добиваат посебна дозвола за ограничено движење, од хотелот до работното место, кажа Брнабиќ.

Кога станува збор за српските државјани, таа изјави дека тие можат да влезат и да ја напуштат Србија кога сакаат.

-Не постојат никакви лимити. Тие не мора да бидат во самоизолација, односно можат нормално да влезат и да се движат нормално, доколку имаат негативен ПЦР тест на влезот во земјата, изјави  Брнабиќ.

Таа најави дека Кризниот штаб денеска ќе го разгледа прашањето за можно отворање на административните премини меѓу Србија и Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дерик е обвинет за убиство од трет степен, а убиството умисла го објави во петокот државниот обвинител од областа Хенепин, Мајк Фримен.

И родената жена го шутна расистичкиот убиец во униформа: Сопругата на полицаецот поради која гори Америка бара развод!

Сопругата на поранешниот полициски службеник во Минеаполис Дерик Човин поднесе барање...

Иницијатор за поднесување на барањето е д-р Алемпијевиќ, професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Белград, а него го поддржаа уште шест колеги и еден лекар во пензија.

НЕСТОРОВИЌ ОСТАНУВА БЕЗ ДОКТОРСКА ЛИЦЕНЦА: Ќе поднесам тужба!

Против проф. Д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот,...