Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 април, 2021 7:36

Брнабиќ: Србија и донираше на Македонија 13.000 дополнителни вакцини „Спутник В“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера соопшти дека Србија и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на Македонија, наведувајќи дека досега на земјава и се донирани вкупно 48 000 вакцини, јави дописникот на МИА од Белград.

Обраќајќи се пред новинарите при посетата на термоцентралата во Костолац, Брнабиќ потврди дека до Македонија споменатите количини на вакцината „Спутник В“ биле доставени доцна синоќа како дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.

Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.

– Не можеме да се вратиме во нормален живот ако сите други не се вратат. Тоа е инвестиција во заедничката сигурност и безбедност, оцени Брнабиќ. 

Кинеските вакцини ќе пристигнат утре. Меѓу 5.000 и 7.000 вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнуваат секој понеделник во мај, односно вкупно 26.000, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека очекуваат информација за вакцини и од Ковакс-системот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Триесет милиони евра, пари обезбедени од Европската Унија, ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на Бугарија и Македонија во следните 7 години.

За прекугранична соработка Македонија – Бугарија 30 милиони евра од ЕУ

Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен премин „Клепало“ помеѓу...

Вкупната излезност на гласачите на изборите за Државната дума на Русија вчера до 20 часот по московско време изнесува 16,85 проценти, објави руската Централна изборна комисија.

Втор ден од изборите во Русија, вчерашната излезност 16,85 отсто

Рускиот претседател Владимир Путин вчера гласал електронски на руските парламентарни...

Идејата за ковид-сертификат првично беше поврзана со патувањата, но Италија многу брзо почна да ја применува на места како музеи, спортски сали и внатрешноста на рестораните!

Италија вчера воведе една од најстрогите мерки во светот

Италијанската Влада вчера донесе една од најстрогите анти-ковид мерки во светот, со...

Од своја страна, Рама, кој во континуитет ја критикува ЕУ и состојбата на двете земји ја споредува со драмата „Чекајќи го Годо“, оцени дека „ние сме заложници на национализмот внатре во ЕУ“.

МЕРКЕЛ СО ПОРАКА ОД ТИРАНА: МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ГИ ИСПОЛНИЈА УСЛОВИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО

Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со албанскиот...