Со нетрпение чекам да продолжи и продлабочи нашето партнерство, напиша амбасадорката Брнз на твитер.

Објавил: Владо Марин | 16 јуни, 2020 8:00

Брнз: Го поздравувам договорот за избори, со нетрпение чекам нашето партнерство да се продлабочи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Брнз, на социјалните мрежи ја поздрави информацијата дека предвремените парламентарни избори се закажани за 15 јули.

 Ја поздравувам информацијата дека изборите се закажани за 15 јули. Идниот Парламент и Влада се соочуваат со исклучителни одговорности и што ќе влијаат врз иднината на државата, вклучувајќи го и Ковид – 19, како и пристапните преговори со ЕУ.
 
Со нетрпение чекам да продолжи и продлабочи нашето партнерство, напиша амбасадорката Брнз на твитер.
Г-ѓа Кејт Брнз, амбасадор на САД во Република Македонија, е ветеран во американската дипломатија со 26-годишен стаж во Дипломатската служба на Стејт департментот. Од септември 2017 – мај 2019, таа беше заменик шеф на мисија во Амбасадата на САД во Атина. Претходно, таа служеше како вршител на должност амбасадор во Мисијата на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, Австрија, каде исто така, беше и заменик шеф на мисијата од септември 2014.

Сенатот на САД минатата година ја потврди Кејт Мари Брнс за нова амбасадорка во Македонија.

 

Брнс e дипломат од кариера и досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина, каде што дојде во септември 2017. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена. Досегашниот американски амбасадор во Скопје Џес Бејли беше потврден во Сенатот во декември 2014, а си замина од функцијата во февруари годинава.

На претходното сослушување во Сенатот, Брнс кажа дека работата на амбасадата ќе се фокусира на три области: ќе промовира стабилност низ силни институции, ќе работи на зајакнување на безбедноста преку партнерство и ќе работи на поттикнување на просперитетот преку позитивно влијание.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...