Таа смета дека со оглед на ситуацијата со здравствената криза со Ковид-19, лидерите на политичките партии треба да ги почитуваат роковите и да ги формираат институциите на земјата што е можно поскоро.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 август, 2020 17:53

Брнс: Формирањето на влада е во рацете на пратениците, нова влада за справување со корупцијата и неказнивоста на криминалот

Фото/Текст извор: ©Коха.мк

Новата влада да се формира во предвидените рокови, со цел да се продолжи борбата против здравствената криза со Ковид-19. Во парлементарна систем, премиерското место е работа на парламентарното мнозиство, инаку САД ќе соработува со сите политички парти во земјата за да се продолжи еуро-атланскиот пат на Македонија, изјавил ексклузивно за весникот КОХА, американската амбасадорка во Скопје,
Кејт Мари Брнс.

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје, Кејт Мари Бернс, во ексклузивно интервју за весникот “КОХА”, зборуваше за актуелната политичка состојба во земјата, формирањето на новата Влада, како и за идејата на ДУИ за албанскиот премиер. Таа смета дека со оглед на ситуацијата со здравствената криза со Ковид-19, лидерите на политичките партии треба да ги почитуваат роковите и да ги формираат институциите на земјата што е можно поскоро.

-Ние очекуваме партите да се соберат и да ги исполнат роковите. Со оглед на кризата со Ковид-19 и други важни проблеми со кои се соочува земјата, постигнувањето договор за нова Влада што ќе може да ги реши овие проблеми, е приоритет, вели за весникот „КОХА“, амбасадороката Брнс.

На прашањето за идејата на ДУИ за прв албански премиер, американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнс рече дека плуралистичкиот систем на Македонија овозможува избор на премиер со гласови на мнозинство пратеници, без оглед на етничката припадност.

-Зависи од мнозинството во парламентот која ќе го изгласа следната влада. Одредени квалификации на премиерот и неговата или нејзината способност да ја добие поддршката на мнозинството пратеници се, по природа на вашиот парламентарен систем, одлучувачки фактори тука, без оглед на етничката или политичката припадност, рече американската амбасадорка во Скопје.

Зборувајќи за приоритетите што треба да ги има следната влада, амбасадорката Кејт Мари Барнс вели дека треба да го искористи моментот.

-Новата влада ќе мора да постави свои приоритети. Од наша гледна точка, се надеваме дека таа ќе има за цел да профитираат во моментот кога е овозможено членството во НАТО и напредокот кон ЕУ. Спроведувањето на потребните реформи и решавањето на прашањата на владеењето на правото и корупцијата, вклучително и спроведувањето на правдата со неказнивост, ќе биде клучно за овој процес. Најважно е да не се изгуби моментот, рече Кејт Мари Барнс за весникот „КОХА”.

Од американскиот амбасадор во Скопје, весникот „Коха“ побара да го коментира негирањето на резултатите од изборите од страна на Коалицијата Алијанца-Алерантаива.

-Опозициската коалиција на албанската заедница Алијанса/Алтернатива се спротивстави на изборните резултати. Каква е вашата проценка за посветеноста на Села за евроатлантскиот аспираци на земјата? – ја прашавме амбасадороката Бернс, која одговори:

-Ние ќе работиме со која било странка или партија што има за цел да ја види Македонија да продолжи на својот евро-атлански-пат.

Американската амбасада во Скопје соопшти дека досега и помогнала на  Македонија со 2,7 милиони американски долари за да се справи со последиците од кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19.

-САД придонесоа со над 2,7 милиони американски долари за зголемување на националниот одговор за Ковид-19 во Македонија. Американската помош ги поддржа владините напори, вклучително и оние предводени од Министерството за Здравство и Образование и Наука; Државна изборна Комисија; и за спроведување на законот, судските и инспекциските органи. Ние, исто така, поддржувавме иницијативи на приватниот сектор, како што се оние предводени од микрофинансиски институции, како и оние предводени од граѓански организации, вклучително и националните и локалните поглавја на Црвениот крст, истакна Брнс во интервју за Коха.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...