Судбината на 177 либиски мигранти останува во рацете на бирократијата на Европската Унија

Објавил: Мартин Попоски | 21 август, 2018 14:46

Брод со либиски бегалци се укотви во Сицилија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бродот на италијанската крајбрежна стража со 177 бегалци од Либија се укотви денеска на сицилијанското пристаниште Катанија каде ќе се чека одлуката која земја ќе ги прифати бегалците.

Иако пловилото пристигна доцна во ноќта италијанската влада не им дозволи бегалците да го напуштат исчекувајќи ЕУ да се произнесе по ова прашање.

Бегалците минатата седмица беа спасени од италијанската крајбрежна стража во Средоземното Море во дел што територијално и припаѓа на Малта поради што дојде до спор меѓу двете земји. Додека Италија бараше од Малта да ги прими бегалците Малта одби со изговор дека мигрантскиот брод не бил во неволја туку Италија ги презела оттаму свесно стравувајќи да не стигнат на нејзина територија. Малта тврди дека самите бегалци изразиле желба да продолжат по патот кон Италија.

Поради спорот италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини побара решение од ЕУ во спротивно се закани дека ќе ги врати бегалците назад во Либија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Многу ми е жал што луѓето кои не веруваат дека вирусот постои, само поради тоа што не можат да го видат со голо око..

Уредникот на Канал 5 кој беше заболен од Ковид-19: Скептиците нека ми објаснат дека нема корона и од што почина татко ми!

Кој може мене, на сестра ми и мајка ми, да ни објасни од што почина татко ми, ако „нема...

На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.

ДО СЕГА НЕ ВИДЕН СКАНДАЛ: Катица Јанева по гаќи и градник во Државниот завод за ревизија!

Според записникот на МВР до кој дојде КУРИР поранешната специјална обвинителка Катица...

Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.

Карантин за Скопје, Тетово, Штип и Куманово од утре 21 до понеделник до 05 часот?

Предлогот на Комисијата за заразни болести е да се воведе карантин за престојниот...