Поради тоа во аптеките се принудени да го ограничат давањето на таблети на лицата заболени од дијабетис. Се даваат помалку кутии од потребните.

Објавил: Перо Милчин | 14 ноември, 2022 18:11

Бројот на дијабетичари се зголемува, а терапија нема

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светскиот ден на дијабетисот кај нас се одбележува со недостаток на инсулинска терапија и немање термин за преглед, објави Телма!

Поради тоа во аптеките се принудени да го ограничат давањето на таблети на лицата заболени од дијабетис. Се даваат помалку кутии од потребните.

Бројката на деца заболени со дијабет тип еден постојано се зголемува. Од сојузот велат дека причината за тоа е што не се оди навремено на преглед. Децата со дијабетес во земјава сè уште немаат сензори што безболно ќе ја мерат гликемијата. Се чека од надлежните институции да го решат тој проблем, а се дотогаш родителите се принудени да плаќаат по 1.500 евра годишно.

Дијабетесот е главна причина за откажување на бубрезите, срцев удар, мозочен удар и ампутација на долните екстремитети. Помеѓу 2000 и 2019 година на светско ниво е забележано зголемување од три процени во стапката на смртност од дијабетес според возраста.

Здравата исхрана, редовна физичка активност, одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун се начини да се спречи или одложи појавата на дијабетес тип 2.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно, заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен

Мизрахи до Филипче: Заглавен сте до гуша со скандалот Онкологија

Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател...