Откако претходно беше објавено дека загинати се четири лица, сега веќе билансот од земјотресот е 6 мртви, од нив тројца во населбата „18“ во Драч, две во Туман и едно лице во Курбин.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 ноември, 2019 9:15

Бројот на жртви се зголемува: Шест мртви од силниот земјотрес во Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Силниот земјотрес во Албанија направи големи штети но однесе и шест човечки животи заробени под урнатините.

Откако претходно беше објавено дека загинати се четири лица, сега веќе билансот од земјотресот е 6 мртви, од нив тројца во населбата „18“ во Драч, две во Туман и едно лице во Курбин.

Денешниот е најсилен земјотрес почувстван во земјата во последните 30 години. Блансот од преходнот земјотрес што сто така беше со епцентар во Драч беше повеќе од 100 повредени над 300 домови оштетени

После силниот потрес кој се случи во 3:54 часот со 6.4 степени следуваа серија од десетина потреси но со помал интензитет, меѓу третиот и четвртиот степен според Рихтеровата скала.

Според информациите од албанските медиуми се уште се чувствуваат чести потреси, кои до сега ја надминуваат бројката од 110 потреси. 

Уште се трага по четворица косовски граѓани кои биле сместени во мал хотел во Драч кој е целосно урнат. Не се исклучува можноста во хотелот да настрадал и некој од персоналот.

Според очевидци, под урнатините во зградата во Туман има девет лица – членови на две семејства.

Земјотресот беше почуствувано и во делови од Македонија, меѓу кои и Скопје.
Тресеше цели 15 секунди, а граѓаните според коментарите по социјалните мрежи, испаничени се разбудиле од потресот. Потресот се случи во 3 часот и 55 минути.

 

https://www.youtube.com/watch?v=xE1V6-e1oAE&feature=emb_title

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат од шокот по трагедијата во која загинаа 59 лица, утрово се простуваат од Иле Гоцевски

Нова трагедија во Кочани: Вчера цел ден пренесувал повредени, денес не се разбудил

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат...