Во последните 24 часа, Словенија тестираше 2 228 примероци, од кои 385 се позитивни на коронавирусот, објави Националниот институт за јавно здравје.

Објавил: Владо Марин | 19 август, 2021 7:19

Бројот на заразени во регионот и натаму расте

Фото/Текст извор: ©360

Во голем број земји во регионот, бројот на новозаразени со корнавирусот продолжува да расте, а властите апелираат до граѓаните кои не се вакцинирани да го сторат тоа, и оние што биле имунизирани да ја примат третата доза по шест месеци!

Во последните 24 часа, Словенија тестираше 2 228 примероци, од кои 385 се позитивни на коронавирусот, објави Националниот институт за јавно здравје. Тоа е 17,3 проценти, што е највисок дневен процент на заразени од 25 мај досега. Бројот на активни случаи е 2 560.

Хрватска тестираше 9 879 примероци за коронавирусот, од кои 524 се новозаразени, со што бројот на активни случаи се зголеми на 2 124, објави Националниот штаб за цивилна заштита. На респиратор има 26 пациенти. Пријавени се три смртни случаи, или 8 291 од почетокот на епидемијата. Најмногу новозаразени има во Сплитско-далматинска жупанија -130 и во Загреб-101.

Денеска, во Босна и Херцеговина се регистирани 420 новозаразени, од тестирани 2 791 примерок, значително повеќе од претходниот ден кога имаше 276. Пријавени се два смртни случаи. Само во Федерацијата БиХ се тестирани 2 170 примероци, од кои 318 беа позитивни за коронавирус. Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата.

Во Република Српска, тестирани се 399 примероци, од кои 83 се новозаразени. Од епидемијата се пријавени два смртни случаи или 3 824 пациенти. Денеска, 19 нови случаи на инфекција со коронавирус од 222 тестирани примероци се регистрирани во округот Брчко во БиХ.

Според најновиот пресек на епидемиолошката состојба во Црна Гора, пријавени се шест смртни случаи, од кои еден е државјанин на Србија. Регистрирани се уште 535 новозаразени лица, од кои 53 туристи. Тестирани се 4 156 примероци за новиот коронавирус. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1 657. Вкупниот број на моментално активни случаи е 4 912.

Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 12 818 луѓе се тестирани за коронавирус, а 1 497 се позитивни. Има 30 пациенти на апарати за дишење. Вкупно 894 лица се хоспитализирани, а шест починале.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...