Денеска биле регистрирани нови 41 патници со коронавирус, по што вкупниот број на заболени птници се искачи на 61. Меѓу патниците кои се на крузерот има и тројца македонски државјани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 февруари, 2020 11:08

Бројот на заразени патници со коронавирусот на крузерот во Јапонија на кој има и македонски државјани се искачи на 41

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото точка.мк

Двонеделен карантин за крузерот „Дајмонд принцес“ на кој има околу 3.700 патници. Вчера крузерот беше задржан во близина на Јокохама, Јапонија, откако кај еден од патниците кои се симнал, бил регистриран коронавирусот.

Вирусот се пренесува од човек на човек, иако досега сепак нема индиции дека се пренесува преку дишните патишта.Главните симптоми на коронавирусот се висока температура, треска и тешкотии во дишењето. Симптомите на заболувањето се манифестираат како и кај другите респираторни заболувања и можат да предизвикаат цела палета различна симптоматологија од многу лесна клиничка слика со настинка, па до многу тешки форми како што е САРС, сериозно акутно респираторно заболување, кое може да ги нападне и другите органи и многу често има смртен исход.

Денеска биле регистрирани нови 41 патници со коронавирус, по што вкупниот број на заболени птници се искачи на 61. Меѓу патниците кои се на крузерот има и тројца македонски државјани.

Министерот за здравство на Јапонија, Кацунобу Канто  изјави дека половина од новите случаи се Јапонци“.

Пациентите ќе бидат пренесени во болниците во Токио и околните градови.

„Според последните информации добиени од Министерството за надворешни работи на Јапонија, потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан во близина на Јокохама, Јапонија. Причина за задржување на бродот е присуството на заразени лица од коронавирусот. Досега се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус“, соопштија за Макфакс вчера од МНР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...