За ваквиот срамен инцидент набрзо се дознало и во дипломатскиот кор во Загреб, но и во хрватското МНР каде се шокирани од однесувањето на македонските дипломати и начинот на кој ја претставуваат државата.

Објавил: Стојче Бушин | 8 мај, 2020 16:07

БРУКА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЗАГРЕБ: Амбасадорот во Загреб го натепал секретарот!

Фото/Текст извор: ©Vecer

Нов дипломатски скандал го тресе Министерството за надворешни работи, предизвикан од кадрите на Никола Димитров.

Вршителот на должност во македонската амбасада во Загреб, Назиф Џафери, физички го нападнал третиот секретар Башким Мисими, нанесувајќи му телесни повреди.

Нивното меѓусебно нетрпение за кое веќе подолго време сведочи македонската дијаспора во Хрватска, кулминирало со тепачка во просториите на дипломатско-конзуларното претставништво, за што имало и сведоци.

За ваквиот срамен инцидент набрзо се дознало и во дипломатскиот кор во Загреб, но и во хрватското МНР каде се шокирани од однесувањето на македонските дипломати и начинот на кој ја претставуваат државата.

Министерството за надворешни работи се обидува да ја сокрие оваа нова бламажа од јавноста, за да не му наштети на рејтингот на министерот Димитров, чие кадровско решение е првиот човек во амбасадата, Назиф Џафери, пренесува Вечер.

Изминатите три години, серија инциденти фрлија огромни дамки врз македонската дипломатија, почнувајќи од тепачки, финансиски малверзации, па се до обиди за поставување амбасадори со двојни државјанства и лица со криминални досиеја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

Филипче до Зибери: Нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери ги повика иселениците да дојдат...

Замислете, колку злоба и нечовечност треба да имате за да сторите вакво дело!, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

(ФОТО) Директорка на основно училиште во Струга наредила да се уништи Сонцето од Кутлеш

Денес сме сведоци на еден бесрамен вандализам во училиште во Струга! Имено, директорката...

Согласно пријавата доставена до Министерството за внатрешни работи, претходниот директор и потесното раководството на РЕК Битола сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и изнуда од правно лице кое на законски начин врз основа на законска постапка за јавна набавка склучило договор за извршување услуги со РЕК Битола.

Чулев: Кривична за Васко Ковачевски за рекетирање фирма за ископ во РЕК Битола

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска беше во работна посета на Битола....