Претпладнево на Клиниката за урологија е извршена операција за трансплантација на бубрег. Се Работи за 27-годишен пациент кој доби орган од починатата 21-годишна девојка, чие семејство ги донираше органите!
Успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија.
Во тек е втората трансплантација кај 40 годишен пациент со хронична бубрежна болест кој исто така ќе добие бубрег од починатиот донор.
Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи, изјави Филипче!
Срцето на Верица Белчовска која ја заврши борбата за живот по сообраќајната несреќа, продолжи да работи и да живее во телото на 22 – годишно момче чиј живот поради срцева болест беше во опасност!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.