Договорот за пријателство со Бугарија со Анексот ќе стане Договор за добрососедство на еден народ во две држави

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 6:05

Бугарите со Анекс на Договорот: “Македонија и Бугарија се два збора за истото!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Подготвен е анекс на Договорот за пријателство со кој бугарските владејачки партии ВМРО – БНД и АТАКА порачуваат: “Македонија и Бугарија. Тоа се два збора за истото!”

Откако бугарскиот претседател Румен Радев побара анекс на договорот помеѓу Македонија и Бугарија синоќа бугарските политички партии кои се дел од владејачката гарнитура “ВМРО – Бугарското Национално Движење” и “Атака” и официјално потврдија дека веќе е подготвен анекс на Договорот за пријателство.

Двете политички партии бараат Македонија да престане со присвојување и погрешно претставување на бугарската историја. Лидерот на “Атака” Волен Сидеров ја објави информацијата вечерва и изјави дека веќе ги подготвил условите на анексот. Тој вели дека договорот за пријателство дозволува таква промена.

Сидеров ги сумираше неговите барања:

“Во принцип во анексот се наведува дека Македонија треба да се воздржи од присвојување на историски настани и личности како владетели од Првата бугарска империја од цар Крум до цар Владислав – сите историски личности се поврзани со борбата за национално ослободување и така натаму но и сите историски настани поврзани со таа ера. Накратко сакаме една гаранција од македонската држава да престане со своите невнимателни активности кои се однесуваат на нашата историја и да предизвикаат вознемиреност”.

Од партијата ” ВМРО – Бугарското Национално Движење додаваат:

“Нашите предци никогаш не направиле разлика меѓу Македонија и Бугарија. Тоа се два збора за истото!”

Од “ВМРО -БНД” велат го разбираат премиерот на земјата Зоран Заев дека е во деликатна позиција со претстојниот референдум но исто така потсетуваат дека Бугарија ќе го има последниот збор за Македонија да влезе во Европска Унија. Додаваат и дека Македонија станала позната по бизарните и неточни историски тврдења во врска со историјата на Бугарија и дека за повеќето Бугари – земјата и македонското население се етнички – културно и историски бугарски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.