
Македонија
Вести
Бугарското министерство за надворешни работи реагира на вчерашната изјава на Премиерот Мицкоски кога тој во Собранието праша зошто Бугарија не бара од Албанија граѓаните кои таму се изјасниле како Бугари да влезат во Уставот.
Бугарското МНР смета дека изјавите на македонскиот премиер ја искривувале реалноста и ги поткопувале напорите за градење на добрососедски односи. Оттаму додаваат дека прашањето за бугарското малцинство во Македонија не е билатерално прашање туку европски стандард уште еднаш потсетувајќи дека од тоа зависи и иднината на македонските интеграции.
Премиерот Мицкоски вчера во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање рече дека е чудно како Албанија во која според последниот попис живеат над 8.000 Бугари нема услов да ги стави во Уставот, додека Македонија во која има нешто помалку од 800 поради тоа се соочува со блокади.
Односите на релација Скопје-Софија се чини не напредуваат ниту по формирањето на политичката Влада имајќи предвид дека и двете страни стојат на позиции кои не оставаат преголем простор за напредок. Прва можност за средба на министерско ниво, како што најави македонската Влада ќе има на минхенската безбедносна конференција иако официјална потврда за тоа се уште нема.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.