Според бугарска Нова ТВ, тројца од приведените се државјани на Молдавија, додека еден имал арапско потекло, но не е наведено кое.

Објавил: Мате Парлоф | 19 ноември, 2022 14:51

Бугарија уапси пет лица под обвинение за логистика на терористичкиот напад во Истанбул

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пет осомничени лица за вмешаност во терористичкиот напад во Истанбул се приведени во Бугарија, јавија тамошните медиуми.

Според бугарска Нова ТВ, тројца од приведените се државјани на Молдавија, додека еден имал арапско потекло, но не е наведено кое, пишува Телма!

Сите уапсени се обвинети за помагање на осомничениот за нападот кој турските власти ѝ го припишаа на борците на курдската работничка партија (ПКК) и на нејзините сојузници во Сирија, соопшти Обвинителството во Софија.

Пет луѓе се обвинети за помагање, еден од осомничените сторители на нападот да побегне“, изјави Сијка Милева, портпаролка на главниот обвинител на Софија, за АПФ.

Таа додаде дека нивната улога била „логистичка“ и оти Обвинителството побарало притвор за четворицата уапсени.

Нападот во Истанбул се случи минатата недела на пешачката улица Истиклал, кога во експлозија на бомба загинаа шест лица, а 81 беа повредени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Анализа

Повеќето од болестите на таа листа ни се веќе познати – ебола, САРС, Зика и слично – но последната болест на тој список има застрашувачко име „Болест Х“!

Што е мистериозна „Болест Х“? СЗО тврди дека ќе ја предизвика уште посмртоносна пандемија

Светската здравствена организација (СЗО)состави листа на „приоритетни болести“ кои...

Од прегласна музика и голема изложеност на премногу бучна музика во кафиќите и дискотеките,младите се во голема веројатност дека можат да го изгубат својот слух.

Милијарда тинејџери во светот се во опасност да го загубат слухот поради гласна музика

Младите сакаат многу да слушаат гласна, па дури и прегласна музика и поради тоа околу...

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела падна за 0,2 отсто, на 104,69 поени.

Еврото зајакна во однос на доларот

На светските пазари курсот на европската валута во однос на доларот порасна минатата...

Неизвршената група пресуди од страна на Бугарија повторно се најдоа на дневниот ред на Комитетот на министрите на Советот на Европа, по втор пат за една година и повторно констатацијата е иста – пресудите не се извршени.

Комитет на министри на СЕ: Бугарија да дозволи регистрација на здруженија на македонското малцинство

Бугарија повеќе да не го одбива регистрирањето на здруженија кои имаат за цел „признавање...