
Свет
Вести
Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера попладне ги соопшти причините зошто ја блокирала уште еднаш Македонија во ЕУ и објави дека нејзиниот претставник на седницата на Советот за општи работи во Луксембург го поддржал отворањето на преговорите со Албанија.
Заменикот-министер за надворешни работи, Румен Александров, им соопштил на неговите европски колеги дека Софија била „отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање меѓусебни прифатливи решенија во врска со Македонија“.
Во соопштението се додава: „Ова вклучува експлицитно откажување на Република Северна Македонија од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија, промена на натписи/споменици кои влеваат омраза кон Бугарија во Република Северна Македонија, активирање на процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам репресирани заради бугарската самосвест. Без оглед на нашиот билатерален дијалог со Република Македонија, Бугарија инсистира на тоа дека спроведувањето на Договорот за соседство од страна на Република Македонија да биде вклучено меѓу условите во идната рамка за преговори за пристапување на Скопје во ЕУ“, рекол заменик- министерот Александров.
Бугарија ги пофали достигнувањата на Албанија во реформскиот процес и ја потврдила поддршката за усвојување на рамката за преговори на Тирана со ЕУ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.