Бугарија во 2021 година не го признава Македонскиот Јазик, но не и е мило и пораи спрскиот

Објавил: Македонка Димкин | 29 јануари, 2021 11:50

Бугарката Захариева неможе да голтне дека во Македонија ќе се изучувал и српски јазик!

Фото/Текст извор: ©БГНЕС

Враќањето на српскиот јазик во училиштата во РС Македонија ги негира тврдењата дека се раскинати врските со Србија и Русија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија “, рече Захариева за БТВ.

Според неа, ваквите постапки се доказ за приближувањето кон Србија.

Овој коментар на Захариева, како што пренесува БГНЕС, следува по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека наставата по српски јазик ќе биде вратена во основните училишта во РС Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести