Во интервју за телевизијата Блумберг вели дека вината е кај нив што бугарите се убедени дека двете држави имаат заедничка историја “на еден народ”.

Објавил: Стојче Бушин | 13 октомври, 2020 6:07

Бугарскиот историчар Дечев: Создавањето на македонската нација не се разликува од другите

Фото/Текст извор: ©канал 5

Крајно време е Бугарија да прекине со претензиите за македонскиот јазик, официјалниот јазик не може да биде дијалект на друга држава!

Ова е ставот на бугарскиот историчар Стефан Дечев кој критички кон бугарската Влада вели дека треба да погледне во сопствениот двор.

Во интервју за телевизијата Блумберг вели дека вината е кај нив што бугарите се убедени дека двете држави имаат заедничка историја “на еден народ”.

„Македонската нација и процесот на нејзино создавање, со сите специфики и особености, не се разликува од процесите на создавање на која и да е друга нација во светот. Македонскиот јазик е вештачки јазик до толку колку што сите стандардизирани јазици во светот се вештачки. Официјален јазик на една држава не може да биде дијалект. Додека не разбереме дека идентитетот на една нација е динамичен и тој не се предава по генетски пат, какви било мешовити преговори меѓу Бугарија и Македонија, се излишни и ќе завршат во слепа улица“,вели- Стефан Дечев – бугарски историчар.

Од партијата на Борисов се оптимисти на компромисно решение. Пратеникот Пламен Манушев смета дека набрзо премиерите на Македонија и Бугарија ќе најдат заеднички јазик, но сепак потенцира дека меморандумот е испратен до европските институции и не смее да се отстапи од пишаните црвени линии. Манушев додава дека би било корисно ако во преговорите се вклучат и парламентите на двете држави.

-Процесот е исклучително интензивен и се надевам дека овие работи ќе се решат во наредните денови. Премиерите Заев и Борисов се убедени дека ќе се најде такво решение. Ниту еден бугарин не сака да бидеме пречка за европската интеграција на Македонија, која е братска држава и братски народ.– Пламен Манушев – пратеник од ГЕРБ.

По интензивните остри пораки од официјална Софија, и бугарските аналитичари коментираат дека не треба да се блокира почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија.

Политикологот Иван Крастев вели дека е апсурдно да се стави вето од Бугарија која се залагала за унијата конечно да ја отвори вратата на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...