Според предлагачите, ова е прв чекор кон признавање на кирилицата од страна на ЕУ како бугарска азбука.

Објавил: Стојче Бушин | 1 октомври, 2020 22:13

Бугарскиот Парламент изгласа дека кирилицата е бугарска азбука, создадена во бугарска држава

Фото/Текст извор: ©fokus

Бугарското Собрание со 73 гласа за, 4 против и 34 воздржани, денеска го усвои во прво читање, предлогот на коалицијата Обединети патриоти предводена од ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, која е дел од Владата на Бојко Борисов, за преименување празникот 24 Мај од „Ден на бугарската просвета и култура и на словенското писмо“ во „Ден на бугарската литература, образование и култура“.

Според предлагачите, ова е прв чекор кон признавање на кирилицата од страна на ЕУ како бугарска азбука.

 Бугарската писменост е идентична со кирилицата, создадена и раширена меѓу другите
словенски народи токму од Бугарија. Основата на државноста на бугарскиот дух е токму бугарското писмо. Кирилицата, која е создадена во Бугарија и ја замени глаголицата, создадена од Константин-Кирил филозоф и Методиј, е дел од основното движење за реформи спроведено од Борис, Симеон Велики и цар Петар, образложи пред бугарските пратеници историчарот Милен Михов од ВМРО.

И неговиот сопартиец Красимир Богданов смета дека „кирилицата е чисто бугарска творба, создадена од Климент Охридски, во бугарска држава, за време на бугарските средновековни кралеви“, и повика на широка национална поддршка на овој предлог.

Формулацијата „празник на словенското писмо“, според Обединети патриоти, била измислена од Комунистичката партија на Бугарија пред 30 години.

Предлогот во прво читање доби поддршка од пратениците на владејачката ГЕРБ на Бојко Борисов, а против беа опозициските БСП и ДПС.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Актуелниот претседател Доналд Трамп, кој според анкетите на јавното мислење е послаб од Бајден, исто така сака идната вакцина против вирусот, која би можела да биде готова во наредните недели, да биде бесплатна.

БАЈДЕН ветува кули и градови: Вакцината за короната ќе биде БЕСПЛАТНА за сите

Демократскиот кандидат за претседателските избори во САД, Џо Бајден, денес вети дека,...

Додека пак црногорската влада одлучи од денеска да ги затвори угостителските објекти во уште пет општини Будва, Цетиње, Колашин, Улцињ и Жабљак.

Словенија денеска ќе прогласи состојба на епидемија

Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека в понеделник ќе биде прогласена...