Во соопштението до медиуми, ВМРО вели дека „Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин, факт што бил очигледен, документиран и признат лично од него.

Објавил: Перо Милчин | 9 јуни, 2019 19:44

Бугарскиот вицепремиер Каракачанов: „Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Лидерот на ВМРО и бугарски вицепремиер, Красимир Каракачанов, рече дека процесот со Скопје главно се должи на великодушноста на Софија и посветеноста на меѓународните фактори.

Како што пренесува бугарски „Дневник“  во соопштението до медиуми, ВМРО вели дека „Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин, факт што бил очигледен, документиран и признат лично од него.

Красимир Дончев Каракачанов е политичар од Бугарија, лидер на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД. На 4 мај 2017 г. е избран за министер за одбраната на Бугарија. Откако бугарските власти решија да ги отворат досиејата на политичарите, излезе на виделина дека Красимир Каракачанов бил соработник на поранешната комунистичка бугарска служба за државна безбедност под прекарот Иван.

Како што изјавува лидерот на ВМРО и бугарски вицепремиер, Красимир Каракачанов македонските политичари сугерирале Комисијата да се обедини околу одлуката дека Гоце Делчев е деец на македонското ослободително дело, кој бил почитуван и од народот на Бугарија.

На состанокот во Скопје во петокот, Комисијата расчисти со прашањата за античката историја. Направен е сериозен исчекор за средновековната историја, а се разговараше и за заедничка прослава на Гоце Делчев. Како датум за заедничка прослава се предлага да седми октомври, денот кога коските на Гоце Делчев биле предадени од страна на комунистичките власти во Софија на Скопје, изјави Каракачанов. 

– За мене, ваквиот предлог е нескриен потсмев, што всушност го минира процесот на подобрување на односите меѓу двете земји. 

– Ако продолжи ова, бугарската делегација мора да стане од масата со сите можни последици за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и НАТО. Вината за тоа нема да биде наша – изјави Каракачанов.

Според некои, овој бугарски националист е вмешан и во активностите за бугаризирање преку агитација на одреден дел од македонското население во Албанија и негирањето на постоење на Македонци во Албанија претендирајќи да ги претстави како “Бугари”.

Неговата политика е по секоја цена, употребувајќи најрадикални мерки, да се негира постоењето на Македонците како етничка реалност и нивно прикажување како етнички Бугари. Дејноста и постапките на Каракачанов се толерираат од страна на официјалните власти на Република Бугарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести