Во соопштението за медиумите се вели и дека во оваа фаза повеќе не постои објективна можност да се исполнат краткорочните критериуми утврдени во Рамковната позиција до крајот на француското претседателство

Објавил: Мате Парлоф | 19 јуни, 2022 18:16

Бугарското МНР бара парламентарната комисија да се изјасни за Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за надворешни работи на Бугарија во соопштение за предлогот на француското претседателство со ЕУ, бара парламентарната Комисија за надворешнма политика веднаш да свика состанок.

Министерството за надворешни работи на Бугарија во соопштение за предлогот на француското претседателство со ЕУ, бара парламентарната Комисија за надворешнма политика веднаш да свика состанок со учество на ова министерство на кој ќе се разговара за сите достапни документи за Македонија за да се формулира заедничка бугарска позиција со цел да се утврдат следните дејствија на бугарската дипломатија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во документот се прецизира дека доколку тоа не се случи што е можно поскоро, бугарското Министерство за надворешни работи ќе има мандат само да се придржува до Рамковниот став, Декларацијата на Парламентот од 2019 година и до заклучоците на Советодавниот совет за национална безбедност од 2022 година. Во документот се забележува дека нивната содржина не соодветствува целосно со „францускиот предлог”.

Од Министерството за надворешни работи на Бугарија појаснуваат дека врз основа на документите предложени од француското претседателство и извештајот на Министерството за напредокот на преговорите и фазата постигната во нив, нацрт-билатералниот протокол е испратен до Комисијата за надворешна политика, заедно со писмо во кое се објаснува неговата содржина, но оти по 19 часот во петокот немаше кој да ги однесе овие документи во канцеларијата на Народното собрание на Бугарија. Од Министерството појаснуваат дека бараниот нацрт-протокол може да го достават и денеска, недела.

Во соопштението за медиумите се вели и дека во оваа фаза повеќе не постои објективна можност да се исполнат краткорочните критериуми утврдени во Рамковната позиција до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, кое истекува на 30 јуни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и поранешниот министер за здравство Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања и и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија!

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ОСОМНИЧЕН ВО НОВА ИСТРАГА НА СЈО „ПАЦИЕНТ“

Во истрагата под кодно име „Пациент“, една од шесте што ги објави денеска Специјалното...

За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Украдено возило на Итната помош од кочанската болница, полицијата го пронашла по петчасовна потрага

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото...

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

Со „мерцедесот на Груевски” Штајнмаер дојде во Кавадарци!

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер вчера попладне...

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Топланата „Скопје Север“ и АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) денеска ги завршуваат преговорите и ќе потпишат договор за деловно техничка соработка, со што ЕСМ го презема управувањето со топланата и затоплувањето на нејзините корисници.

– Раководството на Топланата „Север“ денеска во 13 часот е на состанок во АД ЕСМ каде треба да ги заврши преговорите, да потпишат договор за деловно техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и на институциите, градинките и училиштата, со оглед на тоа дека ЕСМ го презеде затоплувањето и на тој дел, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за завршување на изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола.

Набавен гас за топланите за цел декември

Топланите Исток и Запад и во текот на декември ќе продолжат да работат на природен...