Бугарија беше претставена на состанокот на Советот од заменик министерот за надворешни работи на земјата Румен Александров. За време на разговорите се разговараше за моменталната состојба во процесот на проширување на ЕУ, објави бугарското Министерство за надворешни работи.

Објавил: Владо Марин | 22 јуни, 2021 18:50

БУГАРСКО МНР: БУГАРИЈА ГО ПОТВРДИ СВОЈОТ СТАВ ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Фото/Текст извор: ©тв 24

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи работи во Луксембург, притоа останувајќи отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање заемно прифатливи решенија.

Бугарија беше претставена на состанокот на Советот од заменик министерот за надворешни работи на земјата Румен Александров. За време на разговорите се разговараше за моменталната состојба во процесот на проширување на ЕУ, објави бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот заменик министер Александров изјави дека Бугарија продолжува со консултациите со Северна Македонија за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Тоа е конструктивно и добронамерно, но, вели, очекуваме Република Северна Македонија да започне во пракса да ги спроведува преземените обврски на високо ниво на 17 јуни 2021 година во Софија, што ќе ни овозможи да се движиме во позитивна насока.

Ова вклучува експлицитно откажување на Република Северна Македонија од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија, промена на натписи / споменици кои создаваат омраза кон Бугарија во Република Северна Македонија, активирање на процес на рехабилитација на жртвите на Југославенскиот комунизам поради бугарска самосвест. Без оглед на нашиот билатерален дијалог со Република Северна Македонија, Бугарија инсистира на тоа спроведувањето на Договорот за добрососедство од страна на Република Северна Македонија да биде вклучено меѓу условите во идната рамка за преговори за пристапување на Скопје во ЕУ, изјави Александров.

Бугарија ги пофали достигнувањата на Албанија во реформскиот процес и ја потврди својата поддршка за усвојување на рамката за преговори за оваа балканска земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност кон вакцините и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирусот.

СЗО следи нов сој на коронавирусот, наречен „му“

Светската здравствена организација (СЗО) следи нова мутација на коронавирусот, наречена...

Ставот дека Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година по мигрантското прашање, го истакна и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на брифинг со новинарите.

Грција подигна ограда на границата со Турција: Не смее да се случи мигрантска криза како во 2015 година

Грција ја завршила изградбата на ограда долга 40 километри на границата со Турција...

Во последните 24 часа, Словенија тестираше 2 228 примероци, од кои 385 се позитивни на коронавирусот, објави Националниот институт за јавно здравје.

Бројот на заразени во регионот и натаму расте

Во голем број земји во регионот, бројот на новозаразени со корнавирусот продолжува...