Целосната забрана за увоз на руска енергија може да ја турне германската економија во рецесија, предупреди Бундесбанката, нагласувајќи дека ќе биде особено тешко да се најде замена за рускиот гас.
„Во сценарио кое ја интензивира кризата, реалниот бруто-домашен производ би паднал за нешто помалку од два отсто во споредба со 2021 година“, соопшти германската централна банка во редовниот месечен извештај.
Особено би било тешко да се најде замена за гасот, што би довело до прекини во снабдувањето, пренесува Хина.
Европската комисија испрати писмо до земјите-членки во кое објаснува дека компаниите од ЕУ можат да плаќаат за рускиот гас во рубли, само под одредени услови.
Според најавата на комисијата, доколку рускиот гас се плаќа во евра или долари кои потоа се конвертираат во руска валута, компаниите од ЕУ можеби ќе можат формално да избегнат кршење на санкциите кон Русија.
Европска комисија Компаниите од ЕУ можеби ќе можат да работат околу барањето на Русија да добиваат плаќања за гас во рубљи без да ги прекршуваат санкциите доколку платат во евра или долари кои потоа се претвораат во руска валута.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.