Постоењето на бункери не е новообичаено и низ историјата и во сегашноста ги има и во САД, Австралија и на други места.

Објавил: Македонка Димкин | 29 септември, 2023 11:31

Бункерите во Албанија сведочат за минатото, се бараат алтернативни решенија за користење

Фото/Текст извор: ©sloboden pecat / EPA/ARMANDO BABANI

Последниве две години особено, Албанија бележи рекорден раст по бројот на странски туристи кои го посетуваат нејзиото јадранско и јонско крабрежје.

Освен убавите песочни плажи, евтината храна и сместување, туристите се фасцинирани и од историската заоставштина од времето на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа кој албанското население со децении го држеше во страв и изолирано од соседите, под постојана пресија дека ќе биде нападнато и мора да се брани. Како неми споменици на повоеното минато на Албанија останаа илјадниците бункери, расеани по пограничните, крабрежните и ридските пејсажи на оваа соседна земја.

Постоењето на бункери не е новообичаено и низ историјата и во сегашноста ги има и во САД, Австралија и на други места.

Бункерите се одбранбени воени утврдувања дизајнирани да ги заштитат луѓето и материјалите од гранатирање, артилериски оган или други напади. Тие се речиси секогаш под земја или полу-подземни и главно се користеле во двете светски војни и Студената војна. Германците го користеле терминот Бункер и тој е преземен за користење и во другите јазици.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.