
Македонија
Фејсбук
Новинарот Зоран Божиновски, новинар и уредник на Буревесник, вчера на својот официјален Фејсбук профил објави дека Реисот Реџепи бил присилен на бракот со 24-годишната Емине Јетиши од Скопје, а како што тој посочува во својата објава една од причините е понижување пред Бајрам.

Инаку сега, шега на страна ,,БРАКОТ,, на реисот Сулејман Реџепи e присилен! Една од причините за овој ,,брак,, e понижување пред Бајрам, што е и направено, тврди Божиновски…
Сега Реисот е венчан практично за ДУИ, по налог од врвот на партијата тој е натеран на граѓански брак со ЕМИНЕ ЈЕТИШИ, потпретседателка на партиски огранок на ДУИ. Овде ниту има, ниту ќе има љубов, позадината е финансиско политички интерес. Суљо и ДУИ си имаат нерасчистени должничко доверителски односи, а тој е постојано на работ на “летање” од ИВЗ, огромен финансиски криминал е направен, многу кривични истраги се стопирани пред подигнување на обвинителните акти, па во ДУИ смислиле дека со венчавка за нивна партиска функционерка од понизок ранг, ќе можат да го ограбат Реисот пред неговиот поглаварски крај… И ова го немавме видено, ама го видовме…. пишува Зоран Божиновски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.