Нишлии за 15 минути изеле бурек од 200 килограми широк 2 метри

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 8:43

Бурек широк 2 метри тежок 200 килограми го “снема” за 15 минути

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најголем бурек на Балканот направен е во Ниш а синоќа бил бесплатно поделен на граѓаните од овој град на традиционалната манифестација денови на бурекот.

Официјално најголемиот бурек во светот е исто така направен на Балканот. Во Федерацијата Босна и Херцеговина во Тузла на 14-ти октомври 2017 година е направен бурек со ширина од 6 метри и тежина од 700 килограми.

Овој бурек во пречник од околу два метри тежел 200 килограми а како што објавија медиумите тоа не било доволно колку граѓани сакале да го пробаат.

Ако се мерело времето од почетокот на сечењето кое го сработиле девојките од пекарата додека огромната тепсија не останала празна може да се каже дека нишлиите 200 килограми бурек изеле за 15 минути.

Дел од граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека веста можеби за некого звучи спектакуларно но не би требало и за нас бидејќи и Македонија може да се пофали со експресна чистка на гинисовите тави со грав во Штип и сарми во Прилеп.

Иако најголемиот бурек направен на Балканот кој е и официјално заведен во Гинисовата книга на рекорди не е овој на нишлии туку оној кој го направиле граѓаните на градот Тузла.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан