Опозициската „Србија против насилството“ бара поништување на изборите во Белград и ги повика белграѓани на протест

Објавил: Македонка Димкин | 18 декември, 2023 10:03

Вучиќ избриша патос со опозицијата!

Фото/Текст извор: ©Принт ФБ / Курир

Според последните податоци на Републичката изборна комисија на Србија, врз основа на обработени 7 808 избирачки места од вкупно 8 273, листата, „Србија не смее да запре“ на парламентарните избори досега освоила 46,92 отсто од гласовите. На покраинските избори, на 1 647 од 1 776 обработени избирачки места, листата на СНС освоила 48,26 отсто од гласовите.

На второ место се најде листата „Србија против насилството“, која на парламентарните избори освои 23,28 отсто од гласовите, додека на покраинските избори освои 20,76 отсто.

Изборната листа „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ е трета по бројот на гласови на парламентарните избори, со 6,61 отсто од гласовите. На покраинските избори оваа листа освои 5,15 отсто.

На покраинските избори Сојузот на Унгарците од Војводина освои 6,72 отсто.

На покраинските избори помина и коалицијата НАДА со 4,96 отсто од гласовите.

Коалицијата НАДА има 5,01 отсто од гласовите на парламентарните избори, додека „МИ – глас од народната листа на Бранимир Несторовиќ“ освои 4,67 отсто.

Според последните податоци, коалицијата на Двери и Заветници, „Народен собир“, не го надминува прагот ниту за парламентарниот ниту за покраинскиот парламент со освоени 2,8 и 2,29 отсто од гласовите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ уште синоќа рече дека листата „Србија не смее да запре“ несомнено освоила најголем број гласови, иако опозицијата обвинува за изборни нерегуларности.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Нема мртви и повредени на сплавот „Картел“, кој почна да тоне нешто по полноќ кога на него се наоѓаа стотина млади луѓе, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби во Србија, Лука Чаушиќ.

Потона сплав во Белград на него немало Македонци!

Потона сплавот „Картел“ на кејот Сава во Белград, додека на него се забавувале стотина...

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ – Ние, гласот на народот“, очигледно ќе биде тој што ќе одлучи кој ќе коалицира во Белград.

Бранимир Несторовиќ, најголемото изненадување на изборите во Србија

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ –...