Во студиото на Сител, вчера заедно со Љупчо Георгиевски беше и Владо Бучковски. Нивното гостување беше најавено како гостување на двајца поранешни премиери, кои ќе дадат свое мислење и став за изборите кои се одржаа вчера.
Владо Бучковски, кој е поранешен премиер на Република Македонија и поранешен претседател на сега вчадеачката партија СДСМ, вчера истакна дека овие избори всушност беа најнеизвесната трка за претседател во историјата на Македонија.
Ова беше најизвесната трка, се покажа како добитна комбинација што владеачката партија се договори со владеачката ДУИ. Но, очигледно според резултатите и оние поддржувачи на Река, барем половината од нив имаат излезено на овие избори за Пендаровски, истакна екс-премиерот Владо Бучковски во вчерашното отворено студио за претседателските избори на ТВ Сител.
Бучковски кој е професор по Римско право на Правниот Факултет, истакна дека не смее да се потцени бројката на гласачи која го дала својот глас за ВМРО. Тој изјави дека по овие претседателски избори, владеачката партија нема простор за еуфорија, бидејќи ВМРО е сериозна закана за СДСМ.
Гледајќи ги резултатите, во мнозинството општини каде што доминатно е македонско гласачко тело, имаме победа на ВМРО-ДПМНЕ. И овој резултат од 370 илјади е одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека и во најоптимистичките варијанти се предвидуваа 350 илјади гласови, бидејќи јасно беше дека има поголем резервоар на гласачи не само Албанци, туку и оние кои беа апстиненти во првиот круг за Пендаровски. Очигледно е дека после овие избори, нема место за еуфорија во СДСМ. СДСМ и она ветување што го даде Заев, ќе биде клучот дали ќе влезе како фаворит на парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ дефинтивно после овие претседателски избори е компетитивен, повторно силен и ќе биде сериозна закана за актуелната владеачка коалиција, изјави Бучковски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.