Екс македонскиот премиер Владо Бучковски смета дека владата и премиерот Зоран Заев не посветиле доволно внимание за лобирање кај францускиот претседател Емануел Макрон околу прашањето за добивање на датум за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија.
Универзитетскиот професор потенцира дека две средби на Заев со Макрон, едната во Софија, а другата во Берлин, во изминатите 15-16 месеци се премалку.
Не посветивме доволно внимание како држава и како општество на сето она што доаѓаше како сигнал од Франција изминатите 15, односно 16 месеци. Премалку се две средби што ги имаше на највисоко ниво нашиот премиер, една средба во Софија со Макрон, па оваа година во април заедничка средба беше во Берлин, кога мислев дека се договара на јунскиот сами датум за преговор – изјави Бучковски при гостување во емисијата „Отворено“ на „ТВ 24“.
За потсетување, Франција не попушти за одредување датум за преговори.
Германскиот министер за Европа, Михаил Рот гневен го напуштилсостанокот нарекувајќи ги дискусиите за Македонија „разочарувачки“, но одби да каже зошто.
„Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат“, рече Рот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.