Неделава беше договорено и Бугарската национална телевизија ќе се емитува во Македонија, а МРТ во Бугарија.

Објавил: Перо Милчин | 6 февруари, 2021 18:59

Бучковски: Уште три бугарски телевизии бараат да се емитуваат во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Имаме уште три барања за влез на бугарски приватни телевизии, ТВ Европа, ТВ Блумберг и Велнес ТВ, но тие се проверуваат во моментов како би можеле да влезат во пакетот на Макс ТВ, рече специјалниот претставник на Македонија во решавање на спроот со Бугарија во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Специјалниот претставник на Македонија во решавање на спроот со Бугарија Владо Бучковски најави дека во нашата земја има барање за емитување од уште три приватни бугарски телевизии.

Макс ТВ на Телеком ќе ја реемитува BNT4 како дел од балканскиот пакет од 1 март. Во исто време еден од каналите на Македонската радиотелевизија, сателитскиот канал, ќе се реемитува преку бугарските оператори. Имаме уште три барања за влез на бугарски приватни телевизии, ТВ Европа, ТВ Блумберг и Велнес ТВ, но тие се проверуваат во моментов како би можеле да влезат во пакетот на Макс ТВ. Истото ќе се направи и со неколку приватни национални телевизии за реемитување во Бугарија. МРТ и БНТ се пред потпишување на договор за размена на дописници и размена на забавна и музичка програма. Ова треба да кулминира со создавање на заедничка продукција во блиска иднина – рече Бучковски во вчерашното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Новинската агенција МИА веќе има и свој дописник од Софија, новинарот Николај Крастев, а на името на дописникот на Бугарската телеграфска агенција од Македонија сè уште се чека.

Неделава беше договорено и Бугарската национална телевизија ќе се емитува во Македонија, а МРТ во Бугарија.

Повеќе на овој ЛИНК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...