Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово.
Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.
-Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив.
Охрабруваме сеопфатно решение во согласност со посредување, пишува во статусот на министерот Османи.
Ситуацијата на Косово и Метохија се интензивира, тензијата расте од час во час. Северот на Косово и Метохија сѐ уште е блокиран од граѓаните и полицијата. На премините Јариње и Брњак не можете да поминете ниту пеш, ниту со автомобил. Според последните информации, пукотници се слушнале во Рудар кај Звечан.
Се повеќе се собираат граѓани. Белградските медиуми јавуваат дека, наводно, детонации се слушнале и во Косовска Митровица. Околу 21 часот се слушна рафал од огнено оружје од правец на Звечани, што предизвика дополнителен страв кај жителите на оваа општина, која се наоѓа на северот на Косово и Метохија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.