
Македонија
Економија
Буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за 2023 година ќе изнесува 450 милиони евра, што е за 8,4 проценти повеќе во однос на буџетските средства кои ќе се реализираат до крај на оваа календарска година, информира на денешната прес-конференција ресорниот министер Јетон Шаќири.
Според него, износот на средствата потврдува дека образованието е на висока позиција во агендата на Владата и во новиот план за работа.
Дури и во услови на енергетска и економска криза, одлучни сме да се посветиме на развојот на образованиеото наместо на обезбедување само оптимално функционирање на националниот образовен систем. Продолжуваме со промените кои се неопходни да се случуваат заради интегрирање на нашето образование во европскиот образовен простор. Ги опфаќаме сите аспекти низ кои досега делувавме – образовна инфраструктура, наставни програми или учебници, мотивација на наставниците преку раст на платите и континуирана обука, стипендии и субвенции за студентите и учениците, рече Шаќири.
Тој истакна дека најголем дел од буџетот се трансферира кај единиците на локална самоуправа заради функционирањето на основните и средните училишта. Вкупно 313 милиони евра ќе се префрлат во општините, што е зголемување за 12,1 проценти, односно за 34 милиони евра во однос на блок дотациите!
Буџетот за плати во образованието ќе изнесува 68 милиони евра или 9,2 проценти односно за шест милиони евра повисок во однос на 2022 година!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.