Цената на Еуросупер 95 се зголемува за 3 денари и ќе чини 57,5 денари по литар. За два и пол денари поскапуваат!

Објавил: Стојче Бушин | 26 мај, 2020 16:57

БУЏЕТОТ СЕ ПОЛНИ: Цените на горивата одат нагоре!

Фото/Текст извор: ©A.магазин

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени на нафтените деривати во земјава. 

Согласно своите овластувања, регулаторната комисија за енергетика на Македонија на денешната седница донесе одлука за корегирање на цените на горивата кај нас и тоа за многу – на бензинот 95 за 3, а на оној од 98 октани и на дизелот за 2,50 денари.

Согласно тоа, номинално од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува на 57,50 денари, на бензинот еуросупер БС-98 на 59,50 а на дизелот на 49,50 денари за литар.

Според нивното образложение до ова е дојдено заради промените на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои кај бензинот забележаа зголемување за 23,66%, а кај дизелот за 16,74%.

Истовремено доларот поевтини за 0,602%, со што имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според законски пропишаната методологија за пресметка на малопродажните цени на нафтените деривати, тие се зголемија во просек за 8,50%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ победија во 41 општина. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата победи во Скопје, победи во Ѓорче Петров, во Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, победивме во Македонски Брод, во Велес, Карбинци, Виница, Кратово, Зелениково, Македонска Каменица, Зрновце, Пробиштип, Пехчево. Победивме во Свети Николе, Штип, Чешиново – Облешево. Победивме во Босилово, Гевгелија, Градско, Демир Капија, Василево, Росоман, Кавадарци, Кривогаштани, Могила, Неготино.

МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада

Народот се определи за промени и за тоа дека живееме во реалност која е тешка и мачна...

Факт е дека изборниот резултат што го постигна ДУИ, му дава за право да ја зголеми својата фактура, но не верувам дека до крај ќ еинсистира на позицијата за избор на премиер Албанец, поради тоа што СДСМ реално и попбеди на изборите“, вели Муслиу.

МУСЛИУ ЗА ФАКТОР: Изборите нема да се повторат, ДУИ нема да оди до крај со идејата за премиер Албанец!

Во изјава за Фактор.мк политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека по вчерашните...

Еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ чини околу 7000 гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 000 гласа односно два ипол пати повеќе. Алијанса и Алтернатива кои имаат два пати повеќе гласови од Левица имаат 6 пати повеќе мандати или 12 вкупно.

ДИК ќе добие тужба од Левица: Апасиев обвини за НЕВИДЕН ИЗБОРЕН ГРАБЕЖ

На денешната прес-конференција претседателот на Левица Димитар Апасиев истакна дека...