На плоштадот Македонија планирано е заедно со основачот на групата, Горан Бреговиќ, да дојдат и поранешните пејачи на бендот – Жељко Бебек, Тифа Војиќ и Ален Исламовиќ.

Објавил: Сара Фемина | 20 октомври, 2019 9:27

„Бјело дугме“ со бесплатен концерт за 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На 17- ти ноември, Скопје ќе го слави Денот на ослободувањето на градот со концерт на легендарната група „Бјело дугме”.

На плоштадот Македонија планирано е заедно со основачот на групата, Горан Бреговиќ, да дојдат и поранешните пејачи на бендот – Жељко Бебек, Тифа Војиќ и Ален Исламовиќ.

Долгогодишната соработничка на Бреговиќ, вокалистката Васка Јанковска, за „Фокус” ја потврди веста.

-Да, сигурен е концертот, истиот беше договорен кога пред извесно време Бреговиќ гостуваше во Струмица. Настанот е намерно поместен на 17-ти, поради одржување на друг концерт на 13-ти ноември. Ова е одлична можност за добра забава со безвременските хитови на „Бјело дугме” за сите генерации – вели Јанковска.

Бијело дугме е популарен рок бенд од Сараево, Босна и Херцеговина, од времето кога таа се уште била дел од Југославија. Бендот постоел меѓу 1974 и 1989 година. 

Бијело дугме е популарен рок бенд од Сараево, Босна и Херцеговина, од времето кога таа се уште била дел од Југославија. Бендот постоел меѓу 1974 и 1989 година. За него се смета дека бил најпопуларен бенд кој воопшто постоел во Југославија и еден од највлијателните состави на Југословенската рок сцена.

Бијело дугме е основен од Горан Бреговиќ којшто е роден во Сараево. Тој го минал поголемиот дел од своето детство во музичко училиште, учејќи да свири виолина, но од таму бил избркан заради недостаток на талент. Набрзо потоа, неговата мајка му купила гитара, и подоцна таа инвестиција се исплатила кога е формирано Бијело Дугме. Горан Бреговиќ често пати признал дека негова главна мотивација за формирање на бендот била бидејќи “девојките повеќе ги сакале музичарите”.

Бреговиќ е композитор на бендот и ги има напишано најголемиот број на текстови, иако некои од најпопуларните текстови на Бијело Дугме се напишани од други автори, на пример: Ima neka tajna veza, Glavni junak jedne knjige, Šta bi dao da si na mom mjestu и Pristao sam biću sve što hoće се напишани од Душко Трифуновиќ, Da sam pekar и Selma од Владо Дијак, Лоше вино од Арсен Дедиќ итн.

Бреговиќ е композитор на бендот и ги има напишано најголемиот број на текстови.

По собирањето на првата постава на бендот, Бијело Дугме под име Јутро го потпишува договорот за издавање на сингл со компанијата Радио Крушевац. Првиот сингл е наречен Kad bi’ bio bijelo dugme. По издавањето на синглот, менаџерот на бендот го убедува Бреговиќ да го промени името во Бијело Дугме.

Набрзо по промената на името, Горан Бреговиќ и легендарниот музички продуцент и ловец на таленти Никола Борота Радован биле во можност да го снимат и издадат првиот хит сингл под знакот на Југотон. Синглот ги содржел песната “Top” со “Ove cu noći naći blues” на Б страната. Песните се снимани во “Studio one” на државното Радио Сараево и се првите стерео записи направени со mono recording опрема. Одговорен за овие иновации повторно е Никола Борота Радован со помош од тонмајсторот Антун Марковиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Концертот ќе започне во 20. 30 часот со настапот на домашните пејачи: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, како и гостите од Србија, дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ.

ЛЕПА БРЕНА ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Вечерва ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово!

Српската звезда Лепа Брена вечерва ќе одржи концерт на Градскиот плоштад, по повод...

Покрај пеењето и придружните вокали додека снима , Кравиц често свири на сите гитари, басови , бубњеви, клавијатури, ударни инструменти .

Американската рок-легенда ЛЕНИ КРАВИЦ во СКОПЈЕ- ја посети старата чаршија и се фотографираше со фановите!

Лени Кравиц, Американската рок легенда моментално се наоѓа во Скопје, по повод неговиот...