Во мое лично име, во име на Владата и во име на сите граѓани на Северна Македонија, им го честитам 4 Јули, на сите граѓани на САД!“, истакна Заев во својата честитка по повод најголемиот американски празник.

Објавил: Владо Марин | 4 јули, 2021 12:11

Заев го честита 4. јули: Поради САД живееме во постабилна, побезбедна и попросперитетна држава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Соединетите Американски Држави денеска го прославуваат 4 Јули, Денот на независноста, ден со кој се одбележуваат 245 години од усвојувањето на Декларацијата на независноста.

Традицијата на американската демократија е водилка и инспирација за сите прогресивни демократии во светот. Посебно значајно е што новата администрација на претседателот Бајден го најави уште поголемото присуство на САД во Европа за реафирмација и развивање на силното транс-атлантско партнерство,вели во својата честитка премиерот Зоран Заев поповод американскиот празник.

Како стратешки партнер на САД, Северна Македонија е посебно горда што од 2020 година, Македонија и САД се сојузници и во НАТО, најсилната воено-политичка алијанса во историјата на светската цивилизација.

Од нашата независност до денес, нашата држава во САД има голем и посветен партнер и поддржувач и секогаш кога земјава беше ставена пред сериозни предизвици, имавме помош и поддршка за заедно да ги надминеме премрежјата и проблемите со бевме соочени.

Нашите граѓани денес уживаат поголеми слободи и права, во постабилна, побезбедна и попросперитетна држава и заради нашето партнерство и сојузништво со САД, и заради поддршката што земјата континуирано ја добива низ разните програми за поддршка на развојот на нашата демократија и институции.

Во мое лично име, во име на Владата и во име на сите граѓани на Северна Македонија, им го честитам 4 Јули, на сите граѓани на САД!“, истакна Заев во својата честитка по повод најголемиот американски празник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Зоране, пријателе, зборуваш од позиција на Премиер во име на сите нас, не понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци!

Димитриевски до Заев: Пријателе, не понижуваш сите

Има ли крај на оваа самопонижување, го прашува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски...

-Знаете зошто Апостол не казнува за одбивање фалц-попис? Затоа што над 200.000 Македонци досега одбиле да се попишат! Ако почнат да пишуваат казни, ќе има евиденција, а вака нема траг.

Апасиев: Над 200.000 Македонци одбиле да се попишат

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека над 200.000 Македонци одбиле да...

-ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата. Изразуваме надеж дека нема човечки жртви.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се става на располагање да помогне за пожарот во Тетово

Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот...