Достоинството на работниците е скапоцено и затоа ја покачивме минималната плата на 15.284 денари, која до пред четири години беше 9.000 денари.

Објавил: Владо Марин | 6 јули, 2021 6:15

Заев: Се покачија сите плати во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За четири години, од април 2017 до април 2021 година, просечната плата ја кренавме за 5.766 денари, додека пак за шест години, од април 2011 до април 2017, платите пораснале само за 2.153 денари, истакна премиерот Заев!

Достоинството на работниците е скапоцено и затоа ја покачивме минималната плата на 15.284 денари, која до пред четири години беше 9.000 денари.

Растот на минималната плата направи притисок за покачување на сите плати. Во изминатите четири години платите бележат постојан раст во сите сектори.

Во април 2021 просечната плата изнесуваше 28.438 денари, што е раст од 10,1% во однос на истиот месец 2020 година.

И нема да застанеме тука. Нашата цел е да го оствариме даденото ветување пред граѓаните, за минимална плата од 18.000 и просечна плата од 36.000 денари до крајот на овој мандат.

Тоа и ќе го оствариме, напиша Заев на фејсбук!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Според ОЕЦД, на земјава треба да ѝ се честита за усвојувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија и на Кодексот на добри практики за финансиска едукација.

Народната банка со највисока доверба во регионот

Во Македонија, повеќе од каде било во регионот, граѓаните имаат доверба во централната...

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 1 448 311 000евра.Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 73,4 отсто.

ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА 9,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, НО УВОЗОТ СЕ УШТЕ ПОГОЛЕМ ОД ИЗВОЗОТ ЗА 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Трговската размена во периодот јануари – јули 2021 година изнесува 9 440 427 000 евра, соопшти...

Околу 30 милиони евра инвестиција ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година.

НАД 70 РАБОТНИ МЕСТА И БРУТО ПЛАТИ ОД 2.000 ЕВРА СО НОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА НА „АЛМАК“ И „ДУРА АУТОМОТИВ СИСТЕМС“

Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“...

Најмногу средства ќе добијат организаторите на прослави. Експертите велат помош треба да има, но сега не е вистински момент да се доделуваат овие пари.

Владата одобри помош за рестораните, туристичките агенции и дискотеките

Владата одобри милиони евра помош за над 100 ресторани за свадби, 17 ноќни клубови и за...