Министерот за здравство, Венко Филипче пак, досега беше на став дека нема потреба од воведување на нови мерки, посочувајќи дека вакцинацијата е единствениот лек за пандемијата.

Објавил: Владо Марин | 19 јули, 2021 12:02

Заврши состанокот на Комисијата за заразни болести- познато дали ќе има воведување нови мерки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Членовите на Комисијата за заразни болести денеска заседаваат за евентуално воведување на нови рестрикции во земјава поради заштита од ковид-19 и спречување на нов пик на болеста.

Според информации на „360 степени“од извори во Министерството за здравство, засега не е препорачано воведување на нови мерки за заштита.

И понатаму е дозволено да се организираат свадби на затворено, а мерката за носење заштитна маска важи само за затворени простории. Нема да се бара задолжителен ПЦР тест за сите што влегуваат во земјава од земји со висок ризик каде делта варијантата е распространета.

Министерот за здравство, Венко Филипче пак, досега беше на став дека нема потреба од воведување на нови мерки, посочувајќи дека вакцинацијата е единствениот лек за пандемијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Комисијата бара вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде на трошокот на работникот, а оние кои го прележале вирусот, ќе може да приложат сертификат за прележан Ковид, но не постар од 45 дена. Доколку работникот има ретки имунолошки болести, тогаш ќе треба да приложи потврда од лекар специјалист дека не може да прими вакцина. Дел од мерките е и задолжителната вакцинација за сите здравствени работници.

Вакцинација или ПЦР тест на трошок на работникот

Новите мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести се очекува утре да бидат...

Мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, како советодавно тело на министерот за здравство, се целосно издржани

Филипче: Граѓаните имаат избор или да направат ПЦР тест што ќе го платат сами, или да се вакцинираат бесплатно

Дека вакцините се докажано безбедни, ефикасни и штитат од тешка форма на болеста, Филипче...