Поради разведрувањето, во сабота ќе имаме многу постудено утро со минимални температури во интервалот дури од -1 до 10 степени во најтоплите предели од државава, додека на високите планини ќе биде уште постудено.

Објавил: Валерија Петрова | 17 септември, 2019 13:54

ВАДЕТЕ ЈА ТОПЛАТА ОБЛЕКА ОД ПЛАКАРИТЕ: Вонредна временска прогноза

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Драстична промена на температурите во Македонија, најавуваат метерозлозите.

Според нивните анализи температурите се значително под просекот за овој дел од годината, но ќее има и северен ветер со услови на студениот фронтален систем кој од четврток ќе ја зафати нашата држава.

Исто така во четврток ќе има зголемена облачност и се очекуваат повремени врнежи од дожд, претежно со слаб до умерен интензитет и од локален карактер.

Денес и утре преку ден ќе биде најтопло, а максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 28 до 35 степени, додека во четврток ќе бидат во интервалот од 21 до 29 степени.

Веќе во петок, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени.

Очекувајте голема промена на времето

Поради разведрувањето, во сабота ќе имаме многу постудено утро со минимални температури во интервалот дури од -1 до 10 степени во најтоплите предели од државава, додека на високите планини ќе биде уште постудено.

Ниски температури наутро ќе имаме и во недела, како и на почетокот од следната недела, па поради ваквата ситуација, доколку излегувате наутро, од сабота натаму ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесете топла облека.

Инаку, кога сме веќе кај студениот бран кој ќе не зафати, да информираме дека најновите анализи укажуваат на тоа дека зимата 2019/2020 ќе биде постудена за разлика од изминатите, со почести и посилни студени бранови.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Според направените моментални анализи зимата 2019/2020 во нашиот дел од Европскиот Континент ќе биде во границите на просекот со просечни или типични температури на воздухот за тој дел од годината с

ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ЗИМА 2019/2020: Врнежи од снег и снежна бајка во зимскиот период!

Со оглед на тоа дека десетиот месец од годината полека поминува а за дестина дена навлегуваме...

Највисоката температура во октомври годинава е измерена во Гевгелија од 32,6 степени, додека максималната измерена досега на ова мерно место е 35,4 степени. Максимално измерените темпратури во периодот од 1951 до 2018 година за октомври се 34,5 степени во Демир Капија, Штип 34,1, Скопје 33,6, Струмица 32,2, Прилеп 32,3, Битола 31,8, Крива Паланка 31,3, Охрид 28,9, Берово 31,5, Маврово 27,3 и Лазарополе 27,4 Целзиусови степени.

УХМР најавува екстремно топло време – еве што не очекува до крајот на октомври

Екстремно топло со потпросечни врнежи се карактеризира времето во втората половина...

В сабота и в недела не’ очекува сончев и топол викенд со максимални температури до 28 степени в сабота и до 29 степени в недела. Топлото и сончево време ќе продолжи и в понеделник, кога повторно се очекува максимална температура, невообичаена за вората половина на октомври, од 30 степени.

Времето денеска – до максимални 30 степени

Времето денеска, според УХМР, ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец....

Минималните температури понатаму ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Ниските температури во САД го носат индијанското лето кај нас!

Кривец за индијанското лето кај нас кое условува многу високи температури на воздухот...