Брусаферо истакна дека би било глупаво да се намалат мерките на италијанската влада кои се покажаа како продуктивни, што подразбира забрана за движење и останување дома.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 април, 2020 12:17

ВАЖНИ ВЕСТИ ОД ИТАЛИЈА: Опаѓа бројот на заболени!

Фото/Текст извор: © Foto: EPA/GIUSEPPE LAMI магазин.мк

Раководителот на италијанскиот институт за здравство, д-р Силвио Брусаферо, рече дека инфекцијата со коронавирус го достигнала својот врв во земјата и оти треба да започне да бележи пад на нови случаи.

Брусаферо истакна дека би било глупаво да се намалат мерките на италијанската влада кои се покажаа како продуктивни, што подразбира забрана за движење и останување дома.

Италија е во третата недела од забраната за движење.

Бројките објавени денес од италијанската агенција за цивилна заштита го потврдуваат падот, со 4.053 нови инфекции, вкупно 105.792.
Италијанците веруваат дека се во првите редови на борбата против вирусот затоа што сите броеви се намалуваат, и покрај бројот на смртни случаи, додека бројот на лекувани лица расте.

За еден ден, 1.109 лица биле излекувани, а 45.420 биле на домашно лекување.

Стапката на смртност во Италија е висока на 10,6 проценти, што го прави највисоко во светот.
Најпогодена е покраината Ломбардија, во која бројот на нови случаи опаѓа и во последните 24 часа се регистрирани 1.047 заразени лица, а 458 починаа.
Ова е статистиката на смртни случаи по возраст:

0 до 20 години / 0 починати.
Од 20 до 29 години / 2 мртви,
Од 30 до 39 години / 20 мртви,
Од 40 до 49 години / 89 мртви,
50 до 59 години / 369 смртни случаи,
Од 60 до 69 години / 1.162 смртни случаи,
Од 70 до 79 години / 1 456 смртни случаи,
Од 80 до 89 години / 3 984 смртни случаи,
90 години и над / 939 смртни случаи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...