Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 мај, 2020 0:00

Важно соопштение од ЈСП: Автобусите ќе сообраќаат без временски ограничувања!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Јавното сообраќајно  претпријатие денеска преку соопштение информираше дека од утре автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред без временско ограничување.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од утре, среда (27.05.2020 год) јавниот превоз ќе функционира вообичаено, односно без временско ограничување (од 5 до 24 часот, во зависност од линијата).

Автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk.

Работно време на билетарници и центри за персонализација.

Од 6 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, во ГТЦ, кај Пошта, во Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, билетарниците на Зелен пазар, кај пазарот во Бутел, во Маџари, Кисела Вода, Драчево, како и билетарниците кај ЈСП Дирекција, во населба Даме Груев, во Сарај, кај Дом на печат и во Карпош 4.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Автокоманда (кај Шумарски факултет), Аеродром, Карпош 2, на Бит пазар и на Транспортен центар (автобусот).

Од 6 до 13 часот ќе работат билетарниците кај старото кино во Бутел, Лисиче, Радишани и во Железара.

Во истиот период ќе бидат отворени центрите за персонализација во Влае и во просториите на ЈСП Турс (Градски ѕид).

Од ЈСП информираат дека и натаму не важат бесплатните средношколски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

И натаму, укинати се трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и Жичарницата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот...

Kомпанијата СТРАБАГ АГ со своите подизведувачи ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип, или конкретно околу место викано Пилав Тепе во период од 12:00 до 15:00 часот на 16.07.2020 (четврток).

АМСМ: На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, имформираат...

Новите автобуси се енергетско ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на Euro 6.

НОВИТЕ ЕКОАВТОБУСИ ВОЗАТ НИЗ УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ

Новите екоавтобуси на гас изминативе денови се пуштени во употреба и возат на линиите...

Оваа фреквентна улица во Бутел е една од најважните сообрајници за граѓаните од таа општина, кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат по овој дел од улицата Александар Урдаревски.

РЕКОНСТРУИРАНА УЛИЦАТА АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ ВО БУТЕЛ

Со ноќно бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, викендов заврши реконструкцијата...