
Свет
Криза
Силна експлозија го потресе пристаништето во либанскиот главен град на 4 август.
Беа убиени скоро двесте луѓе, илјадници беа повредени, а штетата се проценува на неколку милијарди долари. Видео за градот е објавено еден месец подоцна.
Пред точно еден месец, се случи трагедија во Бејрут, кога загинаа околу 190 лица, а околу 6.500 беа повредени. Уништени се стотици куќи и автомобили, искршени се прозорци во многу населби, а повеќе од 300 000 луѓе останаа без покрив над главата.
По протестите и политичкиот притисок, премиерот Хасан Диаб и целата либанска влада поднесоа оставки.
Се претпоставува дека трагедијата се случила поради експлозија на 2.750 тони амонијак-нитрат – хемиска супстанца, која била складирана во пристаништето без да се преземат мерки на претпазливост.
http://https://www.youtube.com/watch?v=ytbC338tZ5o&feature=emb_title
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.