Жељко, внукот на српската фолк ѕвезда Цеца, денеска за прв пат беше прикажан во јавноста. На денешен ден Петровден, тој беше крстен во храмот Св. Сава, а гордите родители објавија заедничка фотографија со малиот Жељко и кумот!
Вељко и Богдана Ражнатовиќ на 4-ти јуни за прв пат станаа родители, а фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ стана баба.
Богдана се породи на една приватна клиника во Белград. Бебето беше тешко 3 360 кг, долго 53 центиметри.
Породувањето било со помош на царски рез, а ја породил докторот кој ја породи и Цеца, доктор Миленко Пророчиќ.
Вељко присуствувал на породувањето и заедно со својата сопруга го чекале наследникот.
За потсетување, претходната година во ноември Вељко и Богдана запливаа во брачните води.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.