
Живот
Земјотрес
Италијанскиот национален институт за геофизика и сеизмологија објави видео во кое се гледа како вчерашниот земјотрес, со епицентар во близина на Петриња, се прошири во Хрватска и остатокот од Европа.
Земјотресот бил со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, но според првите информации, тој бил нешто посилен.
Токму тие податоци ги користеше италијанскиот институт, па на видеото се вели дека јачината беше 6,4 степени, а како изгледаше „ширењето“ на овој силен земјотрес, можете да видите на видеото.
Разорниот земјотрес одзеде седум човечки животи, остави многу семејства без кров над глава и направи голема материјлна штета. Најпогоден е градот Петриња.
Повеќето граѓани ноќта ја поминаа на отворено или во прифаталишта, но и има и такви кои не сакале да ги напуштат нивните домови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.