
Свет
InMemoriam
Легендарниот пејач Џеј Рамадановски почина пред два дена на 57-годишна возраст, а неговиот долгогодишен пријател, клавијатуристот Зоран Јагодиќ Руле откри што се случило кобното утро.
Имено, како што истакна Зоран, тоа утро изгледаше како и секое друго и никој не можеше да помисли дека токму тој ден, 6 декември 2020 година, во недела, Џеј ќе не напушти.
Тоа утро, Џеј се разбуди околу 10 часот, неговата пријателка Андријана и помошничката Дара беа во станот со него. Андријана отишла во продавницата околу 14 часот, а Џеј ја замолил Дара да ја проветри својата соба додека спие, за да можат да ручаат. После тоа, го најдоа починат, ги затвори очите и не напушти засекогаш, рече Руле.
Џеј Рамадановски беше роден на 29 април 1964 во Белград и е српски пејач. Потекнува од ромско семејтво од Ресен, Македонија.

Детството го поминува во Белград со својата баба по мајка. Пристапува кон малолетничка деликвенција за што е приведуван и дел од младоста ја поминува во воспитно поправен дом за малолетници каде изучува авто-лакерски занает. По одслужувањето на воениот рок, кратко време работи во фабриката за трактори и комбајни Змај. Повторно се враќа на животот на улица и ситниот криминал. Сепак започнива хонорарно да биде ангажиран како пејач на локални и индивидуални ромски веселби, кога неговата дарба ја воочува Марина Туцаковиќ.
Својата популарност ја стекнал кон крајот на 80-тите години на 20 век, главно на просториите на Југославија и Србија. Прв забележителен настап има на меѓународниот саем на музика МЕСАМ 1987 година кога го освојува второто место на жирито и истовремено трета награда на публиката.
Врвот на популарноста го достигнува во почетокот на 90-тите години кога ги снима своите најпопуларни албуми, истовремено со контронтроверзни националистични текстови за време на војната во поранешна Југославија.
Со својата поранешна сопруга Нада има две ќерки Ана и Марија. Живееше во Белградската населба Дорќол.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.