- Верувам дека комесарот Оливер Вархелји ќе даде се од себе, тој ја работи својата работа на професионален и добар начин и мислам дека ја сака нашата земја и ќе помогне од секој поглед - изјави Вучиќ пред новинарите во Крушевац и додаде дека Србија има многу пријатели!

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 декември, 2020 12:51

ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР ЌЕ СТИГНЕ ЗА ТРИ ДЕНА: Претседателот Вучиќ во Крушевац откри кој прв ќе се вакцинира

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во следните два-три дена ќе пристигне одредена, помала количина вакцини Фајзер за домови за стари лица, најави претседателот Александар Вучиќ и посочи дека е убеден дека ЕУ ќе го почитува договорот и дека 340 000 дози од овие вакцини ќе пристигнат во Србија во првиот квартал од следната година како што е договорено.

– Верувам дека комесарот Оливер Вархелји ќе даде се од себе, тој ја работи својата работа на професионален и добар начин и мислам дека ја сака нашата земја и ќе помогне од секој поглед – изјави Вучиќ пред новинарите во Крушевац и додаде дека Србија има многу пријатели!

Вучиќ посочи дека вакцинацијата е од клучно значење за здравјето и економијата на Србија.

Луѓето мислат дека станува збор за личен комфор. Не, прашање е на економија, живот, како ќе плаќаме плати. Затоа вакцините се толку важни за нас – рече тој.

Претседателот потсети дека првата количина вакцина Фајзер во Србија се очекува во следните два-три дена, која прво ќе им биде дадена на лица постари од 75 години во домови за стари лица.

Тој додаде дека ќе се набави руската вакцина, која сè уште се тестира, како и дека кинеската вакцина се очекува наскоро, што според него, е многу добра според цената и квалитетот.

 Но, нашите здравствени власти одлучуваат за тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Крајниот рок за доставување понуди за испорака на вакви возови е 15 март.

ЧУДО ТЕХНИКА СТИГНУВА НА СРПСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ: Новите возови ќе имаат минимум 300 места, подно греење и ќе возат до 200 км на час

Министерството за транспорт и инфраструктура објави јавна набавка на електричен воз. Тоа...

Авионот „Ер Србија“ слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ околу 20 часот и 50 минути, а беше пречекан од премиерката Ана Брнабиќ и кинескиот амбасадор во Белград Цен Бо.

СРБИЈА РУШИ РЕКОРДИ: Половина милион кинески вакцини штотуку пристигнаа во Србија

Нов контингент од половина милион вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ пристигна...